Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, ги објави првите чекори за градење „Трамп хајтс“ во неделата, што се совпаѓа со 74. роденден на американскиот претседател по кого е именуван градот Голан Хајтс, пренесува „Џерусалем пост“.
„Денес ќе почнеме со практични чекори за основање на заедницата Рамат Трамп на Голанската Висорамнина, над која суверенитетот на Израел беше признат од претседателот Трамп“, рече Нетанјаху.
Членовите на кабинетот гласаа за првичниот буџет за градот од 2,3 милиони американски долари. Нетанјаху исто така изрази благодарност до Трамп и до државниот секретар Мајк Помпео за нивната одлука за санкционирање на Меѓународниот кривичен суд.
„Судот во Хаг е политичко тело што е непријателски настроено кон Израел, САД и кон другите демократии што ги почитуваат човековите права дури и ги игнорира другите земји што ги кршат човековите права, пред сè терористичкиот режим во Иран“, рече Нетанјаху.
„Судот измислува апсурдни обвиненија против државата Израел, вклучувајќи го и скандалозното тврдење дека присуството на Евреите во срцето на нашата татковина претставува воено злосторство. Ова е во спротивност со здравиот разум, е во спротивност со меѓународното право од Конференцијата во Сан Ремо пред 100 години и во спротивност со правдата“, продолжи тој, повикувајќи се на настанот во кој сојузничките нации ја прогласија својата поддршка за воспоставување национален дом за Евреите во Палестина.
Thank you PM @Netanyahu and the State of Israel for this great honor!🇺🇸🇮🇱 https://t.co/OUcf6s98UX
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) June 16, 2019
Најавата на Нетанјаху доаѓа точно една година откако тој го инаугурираше „Трамп хајтс“ во знак на благодарност за официјалното признавање на суверенитетот на Израел над Голанската Висорамнина од страна на Трамп.
На таа церемонија, Нетанјаху рече дека со признавањето од Трамп за Ерусалим како израелска престолнина и со неговата поддршка во борбата против нуклеарнизираниот Иран, американскиот претседател покажа дека е вистински пријател на Израел.
Одлуката на Трамп од март 2019 година да го признае израелскиот суверенитет над Голанската Висорамнина дојде во пресрет на, како што рече, агресивните дејства на Иран и терористичките групи, вклучително и Хезболах, во јужна Сирија, што ја направија Голанската Висорамнина потенцијална лансирна рампа за напади врз Израел.