– Ситуацијата во САД е затегната со откривањето нови детаљи за убиството на уште еден Афроамериканец од страна на полицијата, кое се случи во саботата навачер во Атланата, Џорџија.
Викендов, пак, демонстрантите во Сиетл кои протестираат против полициското самоволие и брутаност, по убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис, зазедоа неколку квартови во градот и прогласија „автономна зона”.
Американската јавност е вознемирена. Додека во повеќе градови низ земјата се уште траат протести против расизмот и дискриминацијата на безбедносните служби кон црномурестото население, се случи уште еден настан сличен на насилната смрт на Флојд.
Аутопсијата на телото на убиениот Рајшард Брукс (27) укажа дека смртта настапила поради „истрели од пиштол во грб,” кои предизвикале „повреди на органите и крварење”.
Демократскиот конгресмен од Јужна Каролина, Џејмс Клајберн, изјави дека не била потребна примена на смртоносна сила за време на средбата на полцијата со Брукс.
-Тој веќе бил претресен, не носел оружје… и избегал. Што тие мислеле, каде тој може да избега. Боже мој, ја имате неговата кола, лесно може да го најдете. Но, не, вие стрелата куршуми во неговиот грб, рече Клајберн, пренесе Њујорк тајмс.
Само час пред да биде убиен, Брукс едноставно заспал во својот автомобил на „драјв тру” пред сендвичарата „Вендис”. Вработените забележале кола со лице кое спие во неа, и смета на пристапот на автомобилите на останатите муштерии при подигање на порачките, и повикале полиција.
По пристигање на местото првите минути комуникација меѓу полицијата и Брукс биле нормални. Од видео-камери поставени на објектот се гледа како еден од полицијците го буди Брукс. Според сведоци, тој дури им покажал и фотографија од неговата новородена ќерка.
Снимките покажуваат дека ситуацијата станала конфузна откако по направен тест за возење во алкохолизирана состојба, полицајците сакале да го уапсат Брукс, кој започнал да дава отпор и избегал. При што од еден од полицајците грабнал електрошокер. При обидот да побегне, службеникот употребил електрошокер против осомничениот, овој се свртил и сакал да употреби електрошокер против него, но сепак побегнал, по што бил застрелан.
Веста за смртта на Брукс во саботата вечерта на нозе крена илјадници луѓе по улиците на Атланта. Сендвичарата „Вендис”, каде се случи убиството беше запалена, а демонстрантите блокирале и автопат. Ситуацијата во овој дел на градот е се уште тензична.
Неколку демократски конгресмени повикаа на итни рефорни на службата, активистите бараат кратење и запирање на финансиите за полицијата.
Шефот на полицијата во Атланта си даде оставка, полицаецот кој стрелаше во Брукс е отпуштен и се соочува со обвинение за убиство од прв степен. Јавниот обвинител на округот Фултон ја критикуваше реакцијата на службениците и изјави дека во среда се очекува одлуката за тоа какви ќе бидат обвинијата.
Во меѓувреме, во Њујорк имаше протестна акција што се совпадна со демонстрациите на акциите на групите со поинакава сексуална ориентација – кои го слават месец јуни како месец на ЛГБТ заедницата и маршираа против дискриминацијата.
Демонстрантите во Сиетл, пак, пред Конгресот на сојузната држава прогласија „Автономона зона на Капитол хил” (ЦХАЗ)”.
Зоната се простира неколку квартови и таму полицијата нема пристап. Шефот на полицијата на градот, Кармен Бес, за Фокс њуз изјави дека службите за безбедност се спремни да ја „зазедат зоната, што побрзо”. Градоначалникот на Сиетл, демократката Џени Дукран, изјави дека луѓето „не се воена хунта” која презела територија.
-Тие се мирољубови, не очекува лето на љубовта, изјави таа за Си-Ен-Ен.