Странските државјани можат да тразнитираат низ Република Северна Македонија, но смеат да се задржат во земјава максумум пет часа.
Според усвоениот владин протокол, транзитот на овие лица подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг со обврска да не се излегува од автопат или локален пат и тој да се реализира во рамките на најмногу пет часа што се потврдува со изјава која странските државјани треба да ја пополнат на влез, а да ја предата на излез на граничната полиција со цел да се контролира времетраењето на транзитот
Странските државјаните кои транзитираат низ територијата на Република Северна Македонија, до целосната либерализација на режимот за влез и излез во нашата држава, можат да ги користат гранични премини Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и Аеродромот Скопје.
За македонски државјани, пак, граничните премини за излез од Северна Македонија се отворени со потпишување на соодветна изјава која ја издава МВР на самиот премин. Со таа изјава, секој граѓанин се обврзува дека нема да бара помош од државата, во случај на проблем во странство.
При влез во државата, секој граѓанин мора да приложи направен валиден PCR тест, не постар од 72 часа, кој е негативен. Потоа на граничниот премин потпишуват „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена”. Доколку таков тест не е приложен, или е приложен невалиден PCR тест, тогаш задолжителен е државен карантин во траење од 14 дена.