Припадниците на Агенцијата за истраги и безбедност (СИПА) го уапсиле денеска советникот на премиерот во Унско-санскиот кантон (УСК) во БиХ поради вмешаност во издавањето на фалсификувани дипломи. Со наредба на Обвинителството УСК и Кантоналниот суд во Бихаќ се спроведува акцијата „Пенкало“, а се пребаруваат две локации, сопштуваат од СИПА.
Оваа акција е покрената уште во ноември минатат година кога беше уапсен поранешниот претседател на Собранието на УСК и двајца припадници на СИПА поради незаконски издавање на средношколски и факултетски дипломи.
Во тогашната истрага беа испитувани 58 физички и правни лица, кои се сомничат за организиран криминал, перење на пари, неплаќање на данок и фалсификување на исправи.
Обвинителството во УСК документира лажни дипломи за 300 лица.