„Апелирам сите да ги почитуваме овие три правила за да можеме да ја надминеме оваа состојба, оваа здравствена криза предизвикана од Ковид-19. Почитувањето на мерките е клучот во борбата против коронавирусот. Само заеднички може да успееме во оваа битка и само заеднички може да го спречиме ширењето на вирусот. Од самите нас зависи. Да бидеме одговорни граѓани и да не се групираме“, рече министерот за здравство Венко Филипче.
„При секое излегување надвор, да се придржуваме во мерките – растојание од два метра во затворени и отворени јавни простори. Да не се групираме повеќе од две лица, пришто од група од двајца не се вбројуваат и деца под 14 години на тие лица. Задолжително е носење на маска, марама, шал во сите затворени простори. Заштитна маска се носи и надвор кога не сме во можност да ја одржиме потребната дистанца од 2 метра“, вели тој.