Во текот изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје санкционирани се осум возила, бидејќи биле нерегистрирани, шест возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, велат од МВР.
Според полицијата, двајца возачи се снкционирани бидејќи поминале на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, а 80 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.