Во Саудиски воздушен напад на Јемен убиени 13 цивили

– Најмалку 17 цивили, меѓу кои и деца, убиени се во вчерашниот воздушен напад, во кој, воени авиони на Саудиска Арабија во северен Јемен погодија возило кое превезувало цивили, соопшти претставник на бунтовничките Хути.

Во судирите меѓу завојуваните страни од 2014 година животот го загубија над 12 илјади цивили.

Јеменските племенски водачи потврдија дека саудиски воени авиони погодиле возило кое превезувало цивили во провинцијата Сад, упориште на бунтовниците и ги убиле сите што биле во него.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија се соочи со меѓународни критики во врска со воздушните напади во кои загинаа стотици цивили, а кои погодија и училишта, болници и свадби. Хутите, пак, користеле беспилотни летала и ракети за да ја нападнат Саудиска Арабија. 

Треба да знаете
Последни објави