Помпео во воена база на Хаваи ќе се обиде да ги подобри односите со Кина

Американскиот државен секретар Мајк Помпео неделава планира да се сретне со кинеска делегација во американска воена база на Хаваи, каде треба да разговараат за билатералните односи меѓу двете земји, кои се сериозно нарушени од почетокот на годинава, соопштија владини извори.

Кинеските весници соопштија дека кинеската делегација на средбата со Помпео ќе ја предводи Јанг Џиечи, државен советник и член на моќното Политбиро на кинеската Комунистичка партија.

Експертите наведуваат дека односите меѓу САД и Кина ја достигнаа најниската точка во последните неколку години, а кон средината на мај претседателот Доналд Трамп отиде до таму што најави дека може дури и да ги прекине врските со Пекинг.

Покрај засиленото стратешко ривалство, двете водечки економии во светот во последните месеци се во затегнати односи поради пандемијата на коронавирусот и новиот Закон за безбедност во Хонг Конг.

Треба да знаете
Последни објави