Семејна прослава за Спасовден го направи Ресен ново жариште на Ковид 19

Ресен станува ново жарише на КОВИД 19 по семејна прослава со повеќе  гости на православниот  празник Спасовден, објави Телма.

Градот кој во изминатите три месеци немаше ниту еден позитивен, сега за само 6 дена регистрирани се вкупно 32, а најголем дел формираат семеен кластер заразени на славата. Ваквата сосотојба ги мобилизираше здравствените власти и локалната самоуправа, па за да се спречи ширењето на болеста  се затворија  фабричките хали на три најголеми компании со 700 вработени, како и некои кафулиња.

Коронавирусот ја парализира локалната ресенска екoнмија. Под клуч се сите поголеми производствени поогни, како и дел  од угостителските објекти.

-Во Ресен остана само Агроплод, Преспатекст, некои угостителски објкти. Доаѓа лето,  плажите и тие ќе се затворат, економијата нула, вели ресенчанец.

Првиот случај во Ресен беше регистриран на 10 јуни. Ден потоа ресторанот Две Лири објави дека објектот ќе биде затворен затоа што еден вработен е позитивен на КОВИД-19. Во наредните денови се зголемуваше бројот на заразени, а денес има 7 новозаболени. Сега епидемиолозите ја утврдуваат поврзаноста на сите случаи.

Од Центарот за јавно здрваје велат дека и денеска се прават епидемиолошки анкети, а досега во изолација се 110 ресенчани кои имале контакт со 32 позитивните на КОВИД-19, од кои еден почина.

Треба да знаете
Последни објави