Се асфалтира главната улица во „Криви дол“

Започна поставување на последниот асфалтен слој на улицата „Новопланирана“ 4А, во населеното место „Криви Дол“. На терен, работат екипите на ЈП „Улици и патишта“, кои во текот на денешниот ден ќе завршат со реконструкцијата. Улицата е во должина од 370 метри и истата повеќе години беше во руинирана состојба.

Оваа сообраќајница претставува пристап за поголем број на домаќинства и со обновата ќе се зголеми безбедноста за жителите од оваа населба.

Неодамна, во овој реон Општината направи и ново детско игралиште, се поставија и нови клупи за седење, корпи за отпадоци и осветлување. Исто така, значително се раззелени делот околу детската зона.

Општина Карпош продолжува да ги развива периферните делови, кои повеќе години делуваа отсечено од урбаното јадро.

 

Треба да знаете
Последни објави