Американец уапсен во Индонезија поради сексуално злоставување на малолетни лица

Американски државјанин баран од ФБИ за измама со биткоин е уапсен во Индонезија под сомнение дека сексуално злоставувал деца, пренесува „Ројтерс“.

Рас Алберт Медлин бил уапсен во неговиот стан во Џакарта, откако полицијата сослушала три малолетни лица. Медлин е осомничен за сексуални злосторства врз деца, изјави портпаролот на полицијата во Џакарта.

Според законот на Индонезија, сексуалните злосторства врз децата се казнуваат со максимална казна од 15 години затвор.

Полицијата исто така соопшти дека Медлин би можел да биде екстрадирана во САД. Таму, ФБИ го бара за измама со биткоини во вредност од 722 милиони долари.

Треба да знаете
Последни објави