(Видео) Тројца индиски војници загинаа во судир со кинеските трупи во Кашмир

Тројца индиски војници загинаа во судир по должината на границата со Кина, објави „Њу Делхи“.

Офицер и двајца војници загинаа во судир со кинеските трупи во долината Галван во Кашмир, јавуваат локалните медиуми.

Високи воени официјални претставници од двете земји во моментов се состануваат за да изнајдат решение за деескалирање на ситуацијата, пренесуваат индиските агенции.

Со недели, индиските и кинеските трупи се наоѓаат во услови на напната ситуација на неколку точки по должината на „линијата на вистинска контрола“ (ЛАЦ) во источен Ладах, кој е дел од индискиот Кашмир.

Неколку стотици кинески и индиски војници учествуваа во краток судир на почетокот на мај. Индиската армија испрати засилувања, вклучително и воени возила и артилерија, пишува РТ

Треба да знаете
Последни објави