Кога трилерот „365 дена“ почна да се прикажува на „Нетфликс“ гледачите веднаш го прогласија за клон на „Педесет нијанси на сиво“, но жешките бизарни сцени се причина многумина да го стават на врвот на листата на најексплицитни еротски филмови.
Полскиот филм (кој исто така оди и со оригиналниот наслов 365 DNI) го споредуваат со „50 нијанси“, но многумина велат дека го претпочитаат овој филм – приказна за мафијаш кој ја заробува жената од своите соништа.
Лора Бил, директорка нa луксузен хотел во Полска, доаѓа на краток одмор во Сицилија. Младиот Масимо, кој станал водач на сицилијанска мафија по атентатот што бил извршен врз неговиот татко, ја киднапира и ѝ дава 365 дена да се заљуби во него.
Но, филмот има злобна страна скриена под убавата музика и сцените со секс, оценуваат критичарите.
Спред критичарите цитирани од некои таблоиди, филмови како овој, „50 нијанси“, „Самрак“ и многу други слични на нив се популарни затоа што манипулативните главни протагонисти се неверојатно атрактивни мажи. „Неговите тенденции за убивање го прават да изгледа како лошо момче наместо некој од кого треба да останете подалеку,“ велат тие.
Микеле Мороне е човекот кој стои зад доминантниот мафијаш Масимо Торичели, а фановите на филмот брзаат да дознаат што повеќе за него, пишуваат таблоидите.
Микеле, роден во Мелегано, Италија, во октомври ќе наполни 30 години. Тој не е само актер, туку е и пејач. Неколку негови песни всушност се прикажани во филмот 365 ДНИ.
Микеле имал различни улоги во италијански филмови, но ниту еден од ликовите што ги глумел досега не го прослави како последниов, кој стана глобален хит.
Тој се ожени со Руба Сааде во 2014 година, но бракот не траеше многу долго и тие се разведоа четири години подоцна.