За Ремзи се заинтересирани Тотенхем, Челси и Манчестер јунајтед

Фудбалерот од средниот ред на италјанскиот фудбалски калчолигаш Јувентус, Арон Ремзи може да се врати во Англија, пренесува „TuttoJuve.com”.

Според италијанскиот портал, за 29-годишниот Велшанец се заинтересирани Тотенхем, Челзи и Манчестер јунајтед. Сепак, самиот играч сака да остане во Италија.

Ремзи му се придружи на Јувентус летото 2019 година како слободен агент. Во сезоната 2019/20, тој настапи на 24 натпревари, има четири гола и една асистенција.

Порталот „Transfermarkt.com” ја проценува цената на фудбалерот на 28 милиони евра. 

Треба да знаете
Последни објави