Лацио подготвен да ги чести фудбалерите 18 милиони евра ако го освојат Скудетото

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито одделил бонуси од 18 милиони евра што ќе ги добијат „орлите”, доколку ја освојат титулата во Италија, пренесува „Кориере дело Спорт”.

Според информациите, раководството и играчите постигнале договор за бонусите, а за секој од нив ќе бидат потребни околу 400.000 евра доколку Скудетото „слета” во Рим.

Лацио е втор во пласманот по лидерот Јувентус пред продолжението на Серија „А” овој викенд.

Претседателот на Лацио и фудбалерите се согласија да не земаат месечна плата за време на паузата поради пандемијата, а уште една плата е одложена за декември.

Треба да знаете
Последни објави