Аналитичарот Ким Мехмети во гостувањето во отвореното студио на ТВ 24 истакна дека како што ДУИ слабее на политичка сцена, така тие стануваат патриоти.
-ДУИ одамна не штити никаков колективен интерес, ниту на Албанците, ниту на некој во државата, таа само ги штити бизнис интересите на своите челници. ДУИ секогаш сака да се здружи со албанските партии кога е послаба. Таа и сега бара премиер Албанец. Па зошто не го бараше кога имаше 20 пратеници, зошто го бара сега. Затоа што знае дека ќе остане со четворица и сака да ги вовлече во игра опозициските партии и самите Албанци. Челниците на ДУИ стануваат патриоти кога слабеат. Може да забележите дека што послаба е ДУИ толку посилни политички се Албанците. Многу е покварената таа игра на ДУИ.