Ограбена златарница на Широк Сокак, украдени 28 часовници

На 15.06.2020 година во 05,00 часот, било пријавено дека на улица Широк Сокак во Битола била извршена кражба во продавница за часовници и накит.

Непознато лице со тврд предмет го скршил стаклото од излогот и од изложната витрина и извршил тешка кражба одземајќи 28 машки часовници, стекнувајќи се со противправна имотна корист во вредност од 575.000 денари.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави