Тројца полицајци се разболеле и биле пренесени во болница откако во ресторан за брза храна во Њујорк пиеле пијалак за кој се верува дека бил контаминиран со белило, пренесува порталот Б92.
Веста за инцидентот прво се појави на социјалните мрежи, а подоцна беше потврдена и од полицијата.
https://twitter.com/NYCPBA/status/1272742600412483584
Њујоршката полиција соопшти дека полицајците биле пренесени во болницата откако консумирале непозната супстанција во ресторанот „Шејк шак“ и дека се води истрага.
https://twitter.com/NYCPBA/status/1272722470492143618
„За време на оброкот, полицајците сфатиле дека во нивниот пијалак има отровна супстанција, за која се верува дека е белило“, се вели во сопштението. Ниту еден од полицајците не е во животна опасност.
Полицијата требаше да ги следи најавените протести во Долен Менхетен.
Како и другите американски градови, Њујорк се соочува со секојдневни протести од 25 мај, кога Афроамериканецот Џорџ Флојд беше убиен под полициски надзор.



