Принцот Вилијам има сериозни здравствени проблеми

Еден од најпознатите членови на кралското семејство, 36-годишниот принц Вилијам, има сериозни проблеми од здравствена природа, пишува списанието „Нејшнел енквајер“.

Овој медиум, всушност, пишува дека Вилијам го губи видот, поточно му се заканува слепило.

Губењето на видот на принцот е многу загрижувачко и токму затоа тој побарал помош од најдобрите лекари во земјата, пишува списанието.

„Принцот Вилијам има уште пет години пред целосно да го изгуби видот“, тврди вработен на кралскиот двор.

„Тој јавно кажа дека видот сè повеќе му се влошува. Но, внатре во ѕидовите на кралската палата, тој е смртно исплашен дека целосно ќе го изгуби видот“, додава изворот од кралскиот двор, кој ги откри и причините за наглото влошување на здравјето на принцот.

„Не е тајна дека Вилијам и неговата сопруга Кејт се многу лути и огорчени затоа што Меган и Хари се откажаа од своите кралски должности. Иако Кејт, како и секогаш, се прави дека е храбра во јавноста, се плашам дека нивниот приватен живот се распаѓа. Борбата на Вилијам против слепилото секако ги уништува и им ги крши срцата“, заклучува изворот.

Треба да знаете
Последни објави