На денешен ден во 1973 година, Бјорн и Бени, Агнета и Фрида ја започнаа нивната прва турнеја во Шведска, во забавниот парк Лисеберг, Гетеборг.
Шведската мега популарна група од седумдесетите, во своето постоење го збогати светот на музиката со големите хитови Dancing Queen, Mamma Mia, The Winner Takes It All, Chiquitita, Super Trouper…
Членови на квартетот, формиран во Стокхолм во 1972 година, се Агнета Фелтског, Бјорн Улвеус, Бени Андерсон и Ани-Фрид Лингстад. АББА всушност е акроним од првите букви на нивните имиња. Тие станаа едни од најпознатите успешни изведувачи во историјата на поп музиката, достигнувајќи го врвот на топ листите во целиот свет од 1972 година до 1982 година.
Тие имаат продадено околу 400 милиони албуми низ целиот свет и сè уште се продаваат милиони годишно, што ги прави едни од најпродаваните музичари на сите времиња. АБА е првата поп група од неанглиско говорно подрачје која ги освоила топ листите во земјите на англосферата: Велика Британија, Ирска, САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд и Јужна Африка.