Во бомбашки напад во Азез, Сирија, повредени се 16 полицајци.
Властите соопштија дека бомбата била поставена во минибус што превезувал припадници на безбедносните сили.
Повредените полицајци биле пренесени во блиските болници, а истрагата на самото место укажува дека нападот најверојатно бил извршен од терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Вториот напад се случил во центарот на провинцијата Баб, во северна Сирија.
Никој не е повреден во експлозијата на бомбата поставена на резервоарот за гориво, но причинета е голема материјална штета.
Експлозијата се случила на паркингот за цистерни, каде што изгореле многу танкери, а пожарникарите долго време се бореле со пожарот.
Припадниците на безбедносните сили веруваат дека станува збор за саботажен напад од страна на ЈПГ/ПКК, јавува „Анадолија“.