Деветнаесетгодишна активистка на движењето „Животите на црнците се важни“ од Флорида е пронајдена мртва, неколку дена по нејзиното исчезнување.
Полицијата во Талахаси ги пронајде телата на Олуватоин Салау (19) и Викторија Симс (75), и двата смртни случаи ги истражува како убиство, пишува „Си-ен-ен“.
Полицијата го уапсила осомничениот Арон Гле (49).
Салау последен пат била видена на 6 јуни, а порано истиот ден на „Твитер“ напишала дека била сексуално злоставувана. Нејзината пријателка потврдила дека налогот на „Твитер“ на кој пишувала е навистина нејзин.
– 19 Year Old, Black Lives Matter Activist Found Dead After Being Sexually Assaulted (Oluwatoyin Salau) @virgingrltoyin Say her beautiful name! #JusticeForToyin #ripqueen #blacklivesmatter
— Best wingman in the world (@DJLOOSECANNON) June 15, 2020
Салау напишала дека оставила некои работи во црквата каде што претходно побарала засолниште и дека била нападната од човек кој и понудил превоз до црквата.
Сè уште не е јасно дали уапсениот Арон Гле е човекот кој наводно ја злоупотребил Салау.
Салау беше активистка на движењето „Животите на црнците се важни“ и зборуваше на протестите на Талахаси.