Tејлор Свифт бара отстранување на две статуи во родниот град

Tејлор Свифт ја повика Историската комисија во Тенеси да отстрани два споменици во нејзиниот роден град, за кои таа вели дека се зли личности во историјата на државата.

Познатата поп пејачка бара да се отстрани статуата на Натан Бедфорд Форест, откако таа на Едвард Кармак беше срушена од демонстрантите за време на бранот протести и поддршка на движењето „Црните животи значат“ (Black Lives Matter).

„Како жител на Тенеси, се чувствувам лошо што во нашата држава има споменици што слават расистички историски личности кои правеле злодела,“ напиша пејачката на својот Твитер.

„Едвард Кармак и Натан Бедфорд Форест биле зли фигури во нашата историја и треба да се третираат како такви,“ додава таа во објавата.

Ваквата реакција на пејачката доаѓа по оштетувањата на спомен обележја во САД во бранот масовни протести на афроамериканската заедница, предизвикани од свирепото убиство на Џорџ Флојд.

Треба да знаете
Последни објави