(Видео и фото) Во Трстеник пловеле паркирани возила, Ниш не памети ваков дожд во последните 25 години

Силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд, грмотевици ги зафатило синоќа југо-западните делови во Србија и предизвикало значителни материјални штети. Најпогоден е Трстеник каде за многу кусо врме наврнале големи количина дожд по што по улиците протекле буици и почнале да носат предсебе паркирани возила.

Во Ниш пак за еден час наврнале рекордни 63,3 литир вода на метар квадратен што не е забележано во последните 25 години. Како последица од ваквите обилни врнежи улиците се претвориле во потоци, а настрадале и некои објекти. Материјалните штети направени од невремето дополнително се проценуваат. Невремето ги погодило и Краљево и Чачак.

https://youtu.be/LdnkeCjDOAI

Треба да знаете
Последни објави