Џенифер Гарнер плачела додека пеела заедно со еден од напознатите светски тенори Андреа Бочели.
48-годишната актерка, која во понеделникот се појави во емисијата на Елен Деџенерис, објасни дека требало да ја изведе нумерата „Дорми Дорми Лулаби“ заедно со славната италијанска ѕвезда за неговиот специјален албум „Да засекогаш“ (Si Forever: Diamond Edition).
„Дали е тоа најлудото нешто?” рече актерката добитник на „Златен глобус“. „Ако треба да ги наведете 10-те најлуди работи што ви се случиле во животот, ова би било меѓу нив“.
Гарнер, која е мајка на Вајолет (14), Серафина (11) и Сем (осум) со поранешниот сопруг Бен Афлек – го опиша пресвртот на настаните што доведоа до неверојатниот дует.
„Мислам дека ја снимиле оваа прекрасна приспивна песна и дека повеќе сакале до него да стои личност мајка, а не пејачка, па затоа стапија во контакт со мене. Но, потоа морав навистина да пеам… и да пеам… Со месеци земав часови по пеење.“
И покрај повеќе години во шоубизнисот, актерката призна дека станала многу емотивна кога била во можност да соработува со иконата.
Таа рече: „Бев многу нервозна: плачев на паркингот, плачев додека го снимав тоа“. Морав да ги покривам очите за да се справам со фактот дека снимам дует со него.“
„Господинот Бочели не беше таму, но тој беше во моите уши, во слушалките кои ви ги ставаат додека снимате, така што можев да го слушам неговиот глас, и едноставно, беше величествено, тоа ме крена, и јас го сторив тоа.