Во Берлин цела зграда заврши во карантин поради голем број на заразени со ковид-19

Стотина станари во зграда во Берлин се ставени во карантин откако најмалку 54 од нив биле позитивни на коронавирус, соопшти градот Берлин.

„ Досега се откриени 54 случаи на заразата, но и натаму тестираме. Ова во секој случај е нова димензија кога е во прашање ширење на болеста“ рекол Фалко Леицк, градски советник задолжен за здравствени прашања во разговор за јавниот сервис РББ.

Тој рекол дека проценката на обемот на избивања на заразата е тешка, бидејќи не е можно да се утврди колку лица всушност живеат во зградата. Според информациите од медиумите, во зградата живеат Роми од Романија, а се претпоставува дека изминатите денови биле во интензивни контакти со лица од други градски населби.

„Мислам дека станарите кои ги затекнавме не ја зборуваат целата вистина за тоа колку луѓе овде навистина живеат“ рекол тој.

Сега ќе биде голем предизвик луѓето да бидат информирани и уверени да се придржуваат до карантинот, а ако е потребно во тоа ќе помогне и полицијата.

Треба да знаете
Последни објави