Д-р Сашко Николов: За СДСМ и Владата која ја предводи заштитата на граѓаните и нивната благосостојба биле и остануваат приоритет

Прес-конференција, Сашко Николов, кандидат за пратеник од ИЕ 3

 

„Изминатиов период , исполнет со сериозни предизвици, се уверивме дека присуството на корона вирусот е новата реалност. Се уверија и  оние кои не верува дека тој постои и дека тој не бира ниту раса, ниту пол, ниту етничка или било каква припадност. Несериозниот пристап на одредени луѓе кон него, донесоа последици по здравјето и раст на бројот на новозаразени лица. Денес се соочуваме со една состојба каде што се бара од нас поголема општествена и социјална одговорност, но и сплотеност сите  да ги почитуваме и темелно да ги спроведуваме препораките од Министерството за здравство .
Затоа апелирам, сите граѓани задолжително да држат физичка дистанца 1.5-2 метри,  да носат заштитни маски во затворен простор меѓута и на отворен простор кога неможеме да ја одржиме таа  дистанца и задолжителна  дезинфекција на раце и на работните површини со кои стапуваме секојдневно во контакт.
,

Единствено оружје за борба против вирусот е нашата свест и одговорност. Здравствените работници четири месеци се борат по 24 часа на ден, тие се преморени и потребна им е нашата помош. Да почнеме од самите себе, да го заштитиме здравствениот систем и да им помогнеме на сите здравствени работници кои се нашите херои. Во однос на престојната кампања за парламентарните избори, СДСМ како државотворна и зрела партија ќе води одговорна кампања, без митинзи, големите собири и сите потенцијално ризични настани односно нови алтернативни начини на кампања кои ќе бидат строго со почитување на сите препораки и протокли со цел заштита на здравјето на граѓаните. За СДСМ и Владата која ја предводи заштитата на граѓаните и нивната благосостојба биле и остануваат приоритет. Заедно сме во оваа криза  и ќе ја пребродиме заеднички , единствени и сплотени.
Треба да знаете
Последни објави