Камионџија од Дебар шверцувал свежа риба од Албанија

Царинската управа спречила шверц на околу 30 килограми свежа риба, минатата недела на граничниот премин Ќафасан.

Според Царината, рибите биле откриени при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин од Дебар, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ќафасан. Тој рекол дека нема што да пријави, но при контрола на страничните сандаци на приколката била отркиена рибата, сместена во кеси.

Стоката е привремено задржана, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Од Царината информираат и за шверц на гориво од возач на камион.

160 литри дизел гориво и 40 литри бензин, откриени при контрола  на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавеното гориво, пронајдено во вкупно 12 пластични канти сместени под долниот кревет и пред совозачкото седиште во кабината на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Треба да знаете
Последни објави