Кинески милијардер киднапиран во сопствената куќа, пет часа држен како заложник

Кинески милијардер и еден од најбогатите луѓе во Кина бил киднапиран во сопствената куќа. Неколку часа заедно со членови од неговото семејство поминале како заложници во драматичен обид за киднапирање. Неговиот син наводно побегнал и препливал река за да ја извести полицијата, пренесува Си-ен-ен.

Хе Ксиангџијан (77) кој се наоѓа на листата на најбогати на Форбс и се проценува дека има над 24 милијарди долари, во неговиот дом во градот Фошан бил киднапиран од петмина луѓе. Полицијата не објави премногу детали за киднапирањето и не ги именуваше жртвите. Но, од компанијата „Мидеа“, чиј сопственик е Ксиангџијан, по киднапирањето и` се заблагодарија на полицијата.

Бизнис магазинот „Секјурити Тајмс“ објави дека во првиот повик на полицијата се споменало дека напаѓачите со себе можеби имаат експлозив. Кинеската дрѓавна телевизија ЦГТН објави дека полицијата примила повик во неделата околу 17.30 часот. Им било кажано дека некој провалил во приватна куќа на милијардерот и дека во неа држи луѓе како заложници и им се заканува.

Исто така е јавено дека синот на милијардерот успеал да побегне пливајќи во река, по што ја известил полицијата. Во полициската акција која следела по повикот, пет лица се уапсени, а никој не е повреден.

Компанијата „Мидеа“ е формирана во 1968 година и се занимава со производство на електрични уреди.

Треба да знаете
Последни објави