Во текот на викендот во фламанското село Велзеке-Рудершов беше вандализирана статуа на античкиот римски водач Јулиј Цезар, а некои го поврзуваат вандализмот со тековните протести на „Блек лајвс медр“, пренесува радиодифузерот РТФБ.
Статуата се наоѓа на римскиот плоштад во мирното фламанско село и беше пријавена како оштетена во неделата. Вандалите ја откинале едната од рацете на статуата која носела лента и го начкрабале зборот „ krapuul “ – фламански за „копиле“ – врз неговиот постамент.
Локалниот градоначалник Јене Де Потер го коментираше вандализмот, велејќи: „Во понеделник ќе можеме поточно да ги процениме обемот на штетата и поправките што треба да се извршат“.
Де Потер додаде дека трошоците за штетите ќе бидат одговорност на оние кои ја вандализирале статуата.
РТФБ забележа дека вандализмот доаѓа по бројните напади врз статуите на поранешниот белгиски крал Леополд Втори, чие брутално владеење во Конго во 19 век натера многумина да го критикуваат и да се спротивставуваат на спомен-обележјата на монархот на јавни места.
Иако вистинскиот мотив за вандализам засега не е познат, радиодифузерот посочи дека поранешниот римски генерал и диктатор можеби станал жртва на актуелните социјални протести. На неполн километар подалеку беа вандализирани повеќе статуи, а се шпекулира дека истите лица стојта зад двата напади.
Минатата недела во Антверпен беше отстранета статуа на Леополд Втори откако беше урната и запалена од демонстрантите за време на протестот против расизмот.
Низ цел свет, БЛМ и другите т.н. антирасистички екстремнолевичарски групи имаат за цел статуи на историски личности кои можеби биле поврзани со ропството или кои биле обвинети за расизам.
Во Велика Британија, коалицијата „Стоп Трамп“, екстремнолевичарска активистичка група, објави список на статуи „за отстрел“ што сакале да бидат соборени заедно со имињата на патиштата и зградите што сакале да бидат преименувани.