ФИБА Европа одлучи квалификациите за пласман на кошаркарското ЕП 2021 година да се игра според претходно утврдениот календар за натпреварување. На натпреаврите кои први се на програмата во ноември ќе има или не гледачи, или пак во ограничен број ќе биде одлучено во согласност со локалните законски регулативи за тој период кои ќе бидат на сила.
Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација наредните два натпревари во квалификациската група за пласман на ЕП според распоредот треба да ги игра на гости, кај Италија на 27 ноември три дена подоцна кај Естонија.
Натпреаврувањето во квалификациската група „Б“, македонската селекција ги почнаа со два порази. Пред своите гледачи загуби од Естонија (72:81), а на гости од Русија (77:67).
Во случај да не може да се игра во ноември, тогаш овие мечеви ќе бидат поместени за февруарските термини. Тогаш мечевите кои се на програмата во февруари ќе бидат презакажани за јули, 2021 година.