Жена починала утрово пред Поликлиниката „Чаир“, дознава 24Инфо.
Според изјави на очевидци, жената наеднаш се струполила пред зградата. Не можеле да и помогнат, бидејќи починала од срцев удар.
На местото дошла и полиција, по што жената со приватно возило била однесена на обдукција.