Македонскиот зет, хрватскиот ракометен репрезентативец Игор Карачиќ деновите од паузата поради пандемијата со коронавирусот ги минува во Скопје и очекува вести од полскиот Кјелце какво ќе биде продолжението. Полскиот тим Кјелце каде Карачиќ на почетокот од оваа сезона се пресели од редовите на Вардар, објави дека останл без спонзорот и дека можеби ќе биде принуден да ги продава своите ракометари.
Ако дојде до таков расплет во редовите на полскиот тим како прва опција за Хрватот е враќање во Вардар каде помина осум сезони и осови две европски круни.
Од Вардар, Карачиќ си замина поради финансиската криза, но не ги заборави „црвено-црните“ каде навраќа кога има слободно време. Карачиќ денеска објави фотографија од тренинг на отворено со еден од своите поранешни соиграчи Тимур Дибиров.