Интегрален текст од прес конференција на Флакрон Беџети од Алијанса за Албанците
Владата на Северна Македонија донесе одлука за отворање на границите од 17 јуни. Сепак, ова отворање на границите не е дел од слободното движење на нашите граѓани, односно, нивното влегување во Северна Македонија.
Северна Македонија и нејзината влада продолжуваат да спроведуваат различни и уникатни мерки од тие на државите од регионот, бидејќи експериментираше со скоро сите решенија на Владата за спречување на Ковид 19, кои немаа успех или ефект во заштитата на јавното здравство.
Што се однесува до AА, не прифатливо е решението дека нашите граѓани кои сакат да се вратат во Северна Македонија како услов, мора да имаат ПЦР тест, а уште помалку да се изолираат.
Северна Македонија сега е за жал лидер во регионот во однос на бројот на заразени и мртви на милион жители, така што јавното здравство на нејзините граѓани не може да биде загрозено од нашите печалбари кои доаѓаат од земјите на ЕУ кои скоро ја победија битката со Ковид 19 и ги отворија границите за движење без никакви пречки.
Со ова однесување РСМ не ги почитува ниту правилата за добрососедство кон државите кои не бараат тестови за нашите граѓани.
Итно бараме Владата на следниот состанок да ги отстрани активните мерки за граѓаните кои се враќаат во својата татковина, тестот за ПЦР и самата изолација од неколку причини, и тоа;
Северна Македонија, како аспирант за ЕУ, мора да ги практикува истите практики на државите на ЕУ кои ги отворија своите граници без никакви ограничувања.
Сведоци сме на многу тенденции за злоупотреба на оваа состојба, но и оштетување на нашите граѓани кои мораат да платат стотици евра за нивните семејства за ПЦР тестовите, кои честопати не се ни точни.
Итно бараме Владата и Министерството за внатрешни работи да се однесуваат правилно со граѓаните кои доаѓаат од дијаспората, овозможувајќи слободно движење, без понатамошно вознемирување и одложувања на граничните премини.
Бараме нашите печалбари, како граѓани на Република Македонија, да ги уживаат сите свои права и процесот на гласање на 15 јули. Секоја друга рестриктивна мерка, како изолацијата од две недели, може да се сфати како тенденција за нивно исклучување од процесот на гласање.
Како мерка бараме со нивното влегување во РСМ да се приложи само нивна адреса и телефонски број за контакт (како што е примерот на Хрватска), така што може да им се испрати упатство за заштитните мерки и превенција доколку некој од наши иселеници покаже симптоми од Ковид 19, а во случај на нивна инфекција сите државни контроли и услуги да ги плати државата, затоа што нашите иселеници секоја година ги полнат државните каси со по 200 милиони евра секој со своите дознаки.