Американската администрација побара судска забрана за објавување на книгата на Џон Болтон, во која поранешниот советник за национална безбедност на Трамп пишува за периодот во кој работел во Белата куќа.
Британските медиуми јавуваат дека во барањето се наведува дека Болтон пишувал за доверливи информации од работењето, чие обелоденување може да ја загрози националната безбедност.
Барањето е поднесено до судот само еден ден откако американскиот претседател изјави дека објавувањето на книгата ќе претставува прекршување на законот.
Американскиот претседател го отпушти Болтон минатиот септември по 17 месеци како советник за национална безбедност на Белата куќа.