Седумкратната шампионка Серена Вилијамс потврди дека ќе се натпреварува на годинашниот УС Опен.
– Навистина не можам да дочекам да се вратам во Њујорк и да играм на Отвореното првенство на САД во 2020 година, рече Вилијамс во видео-пораката објавена за време на прес-конференцијата на Американската тениска асоцијација.
На неа се потврди дека Гренд Слем турнирот ќе се одржи од 31 август до 13 септември без навивачи.
– Мислам дека Американската федерација ќе заврши навистина добра работа и ќе организира сè неверојатно и сите ќе бидат безбедни, рече Вилијамс (38).
Американката има освоено 23 Гренд-слем титули во сингл, а во последните две сезони загуби во финалето на УС Опен.