Општина Кисела Вода во населбата Драчево, на улицата „Киро Фетак” врши реконструкција на фекалната и атмосферската канализација.
Фекалната канализација во должина од 395 метри се гради со полиетиленски цевки со профил Ф-250 мм, додека атмосферската во должина од 245 метри се гради со полиетиленски цевки Ф-315 мм. Градежните работи на улицата, според предвиденото ќе се одвиваат до крајот на месецов.
Во истовреме, Општината во должина од 2986 метри поставува фекална канализација и во селото Усје, во кое досега немаше систем за одведување на отпадни води.
Локалната самоуправа и на двете локации, канализацијата ја поставува со сопствени средства.