Ралф Рангник се договорил со управата на Милан, пишува „Тутоспорт” на денешната насловна страница. Според публикацијата, сите разлики меѓу двете страни се решени, а официјалната потврда за именувањето се очекува на почетокот на август.
Средба меѓу Рангник и Гордон Сингер од „Елиот” ќе се одржи во наредните недели, но пристигнувањето на поранешниот тренер на РБ Лајпциг сега е сигурно, а останува само неговиот потпис и официјално соопштение.
Едно не е сигурно и тоа е дали тој ќе има спортска и техничка моќ, или ќе биде само тренер на тимот. Останува да се види кој ќе биде буџетот за летната селекција, како и штабот на Рангник.
За парите за нови пополнувања имаше несогласувања во преговорите, но „Елиот” заврши многу добра дипломатска работа, убедувајќи го Германецот да ја прифати понудата на клубот.