Двајца сопственици на бурегџилници од Лабуништа ќе си платат по 8.000 евра казна

Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлог за издавање казнен налог против 2 физички лица и 2 правни лица од Лабуништа за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик.

Физичките лица, во својство на управители на обвинетите правни лица, не постапиле согласно одлуките и мерките донесени за спречување на ширењето на заразна болест, па и покрај донесената забрана, вршеле угостителска дејност во деловни објекти – пицерии, слаткарници и бурекџилници во Лабуништа. При извршена контрола од Државниот пазарен инспекторат – Струга  било утврдено дека угостителските објекти работат, а на масите имало гости.

Надлежниот јавен обвинител предложи парична казна од 100 дневни глоби од по 30 евра за физичките лица, како и казна од 100 дневни глоби од по 50 евра за секое од правните лица.

 

Треба да знаете
Последни објави