Деветте загубени животи од денес одат на нечистата совест на Зоран Заев и Венко Филипче.
Неспособноста на Заев и Филипче и неодговорниот пристап допринесе Македонија да има втор пик на коронавирус во јуни, во услови кога земјите од регионот немаат ниту еден новозаразен и по цел месец.
Зоран Заев и Венко Филипче ја политизираа и Комисијата за заразни болести, која наместо по лекарска пракса, работеше по политички диктат.
Оваа власт беше целосно неспособна да се справи со коронавирусот и останавме држава која е затворена. Оваа власт нема да може да се справи со евентуален трет пик на есен.
Последиците од првите два пика со СДСМ се задолжување и зголемување на буџетската дупка и до 1.4 милијарди евра, над 3.000 заразени и над 200 смртни случаи. Последиците од третиот пик со СДСМ би биле катастрофални за државата и граѓаните.
Ќе ја поразиме короната и ќе го поразиме вториот вирус, Заев и СДСМ. Или обнова или измами. Македонија не заборава, и Македонија ќе победи!