Кандидатката за пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија истакна дека сите очекувања и ветувања кои СДСМ ги имаше во предизборието во 2016-та година ги изневери. Според неа граѓаните се разочарани и незадоволни од политиките на Владата на СДСМ, не само во време на пандемијата туку генерално од политиките на СДСМ изминатите три години.
“Го следиме и социјалните мрежи и контактите кои лично ги имаме граѓаните се многу незадоволни од политиката на Владата на СДСМ, не само сега во време на пандемијата туку генерално за политиките на СДСМ во изминатите три години. Многу ветуваа, да ве потсетам на ветувањата кои беа 500 евра просечна плата, 100 илјади денари плата за здравствените работници, 600 километри автопатишта кои никаде ги нема, клинички центар гледате воопшто не е започната, 16 илјади денари плата и тоа го нема. Ветуваа право и правда, сигурно се сеќавате со шарената револуција, така дојдоа на власт. Гледаме огромни скандали, корупциски скандали во кои се вмешани високи функционери на власта, граѓаните се премногу разочарани од тоа што имаа преголеми очекувања од оваа власт, бидејќи на тој начин дојдоа, ветуваа се и сешто и тие ветувања не ги остварија. А она пак што не го ветија, да се потсетиме дека тие не ветија ниту промена на име, ниту двојазичност, се она што реализираа во овие 3 години беше нешто што не го ветија. Има нешто што се нарекува програма и ние како сериозни политички субјекти излегуваме пред граѓаните со програма, вели Ласовска.
Ласовска во своето гостување посочи дека новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да преговара за тоа дали ние сме Македонци или за тоа која е националноста на Гоце Делчев.
„Во однос на Договорот со Бугарија, нема преговори за тоа дали ја сум Македонка, Македонец. Нема преговори за тоа дали Гоце Делчев бил Македонец или Бугарин. Ве молам, мора да имаме црвени линии, на кое ниво се сведовме ние како Македонци. Мора македонското национално достоинство да си го задржиме, вели Ласовска“.
Снежана Калеска Ванчева уште еднаш ги обвини граѓаните дека тие се наводно виновни за новиот пик на коронавирусот во Македонија поради непочитување на мерките во дебатната емисија „Само вистина“, на што и реплицираше кандидатката за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска која истакна дека е најлесно да се обвини народот. Ласовска потенцираше дека одговорноста секогаш е кај тој што ја води државата, посочувајќи дека општото мислење на граѓаните е дека власта катастрофално лошо се справи со пандемијата.
„Најлесно е да се обвини народот дека не ги почитува мерките итн. но посочи еден збор кој што се однесува одговорност, а одговорноста е секогаш кај тој што ја води државата и власта. Навистина е сериозна темата. На почетокот од пандемијата, ние како опозицијата бидејќи се случи нешто невидено во светски рамки пруживме рака нормално без критики и кажавме еден сет на мерки кои што за жал поради ароганција СДСМ не ги прифати. Наше мислење е дека и мислењето на граѓаните, дури и оние кои СДСМ го поддржуваат дека не се справи Комисијата за заразни болести и министерот за здравство и затоа ни се случуваат овие фрапантно лоши бројки деновиве, се случува стихија, СДСМ и министерот како власт немаше долгорочна стратегија за како да се справиме со пандемијата, вели Ласовска.