Напаѓачот на германскиот старо-нов фудбалски бундеслигашки шампион Баерн, Роберт Левандовски призна дека е тешко да се слави титулата без навивачи. Тимот од Минхен вчеравечер го надигра Вердер Бремен во 32. коло и го обезбеди првото место.
– Ние сме шампиони на Германија. Се разбира, тоа е доста тешко да се слави без навивачи. Недостасува страст, но ние сме задоволни. Беше тешка сезона, долго се боревме за титулата. Се надевам дека наскоро ќе можеме да славиме со навивачите на стадионот.
Покажавме дека сме најдобриот тим во Германија. Во ЛШ сакаме да играме уште подобро, нагласи Левандовски.
На Баерн во ЛШ му останува да го потврди пласманот во четвртфиналето, бидејќи во првиот осминафинален дуел го совлада Челзи на гости со 3:0.