Репрезентацијата на Македонија ќе го одигра својот меч од баражот за пласман на ЕП 2021 против Косово на 8 октомври.
Ако победи, на 12 ноември ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Грузија и Белорусија за прв пласман на големите натпреварувања.
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) денеска ја донесе одлуката и дуелите од Лигата на нациите во 2021 година да се играат од 3 септември до 18 ноември.
Во новото издание на натпреварувањето, каде „жолто-црвените” ќе играат во Ц дивизијата, противници ќе ни бидат Грузија, Ерменија и Естонија.