УЕФА се одлучила да прави завршница од ЛШ во Лисабон

Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) која попладнево треба да расчити многу непознати како ќе финишира со прекинатите сезона на репрезентативен и клупски план, но и кога и како ќе ги почне новите, според повеќето светски медиуми веќе го избрала форматот за завршницата на Лигата на шампиони (ЛШ). Според медиумите финалето во ЛШ ќе се игра во Лисабон, а натпреварите од четвртфиналето, полуфиналето и финалето ќе се играат на два стадиони.

ЛШ ќе продолжи на 8 август кога ќе се одиграат преостанатите реванш-натпревари од осминафиналето: Манчестер сити – Реал Мадрид, Барселона – Наполи, Баерн Минхен – Челси и Јувентус – Лион.

Четвртфиналето ќе се игра меѓу 12 и 15 август на стадионите „Хозе Алваладе“ и „Да Луз“. Полуфиналните натпревари се закажани за 18 и 19 август, додека финалето ќе се игра на 23 август.

Натпреварувањето во Лигата на Европа ќе продолжи на 5 и 6 август, кога ќе се добијат учесниците во осминафиналето, тогаш ќе следи Ф8 во Германија од 15 август, а финалето е закажано за 21 август.

Треба да знаете
Последни објави