Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска и утре ќе учествува на состанокот на министри за одбрана на Алијансата, кој заради глобалната пандемија, вторпат се одржува преку видео-конференциска врска.
Министрите за одбрана на 30 земји – членки на НАТО, како што соопштуваат од Министерството за одбрана, ќе разговараат за активностите на Алијансата во намалување на последиците од пандемијата на корона – вирусот, како и подготовките за можниот втор бран на КОВИД – 19.
-Алијансата имаше клучна улога во помош на земјите – членки во оваа здравствена криза, а пример за тоа е реализацијата на над 350 летови кои пренесоа стотици тони критична опрема низ целиот свет, додека над 100 полски болници на Алијансата беа поставени за прием и медицинска грижа на заболените граѓани. Таква болница во почетокот на пандемијата беше подигната и во нашата земја, стои во соопштението.
Министерката Шекеринска и колегите од сојузничките земји ќе разговараат и за активностите на Алијансата во одржувањето на безбедноста и стабилноста во евроатлантската област, како и мисиите и операциите на НАТО во Авганистан и Ирак