– Британскиот премиер Борис Џонсон изјави во Долниот дом на Парламентот дека плановите на Израел за анексирање на делови од Западниот Брег „дополнително би придонеле за кршење на меѓународното право”.
На прашањето во парламентот дали планира да воведе санкции кон Израел поради најавата за анексија на делови од Западниот Брег, Џонсон одговори: Верувам дека плановите на Израел за анексирање на делови од Западниот Брег дополнително ќе придонесат за кршење на меѓународното право. Ние остро се спротивставуваме на тоа, длабоко веруваме во решението по моделот „две држави” и сакаме да останеме на таа позиција.
На израелскиот план, недвосмислено поддржан од американскиот претседател Доналд Трамп, се спротивставуваат повеќето земји во меѓународната заедница.