Без електрична енергија денеска неколку часа ќе бидат корисниците од делови од општините Кисела Вода и Центар.
Како што соопшти РЦУК по известување од ЕВН Македонија АД, без струја од 08.30 до 12.30 часот ќе бидат објектите на бул. „Борис Трајковски”, лоцирани пред каналот Усје, како и објектите лоцирани пред и зад станицата за технички преглед ПСС во општината Кисела Вода. Во периодот од 08.30 до 13.30 часот, без струја ќе бидат објектите во рамки на поранешна Стаклара, како и објектите во нејзина близина на кои напојувањето со електрична енергија им е од поранешна Стаклара во општината Кисела Вода
Во периодот од 10 до 15 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. „Кукушка” во општината Центар.