Фатмир Битиќи, претседателот на економската комисија на СДСМ, во емисијата ТопТема на ТВ Телма вели дека невработеноста паднала на историско најниско ниво.
„Ние во првиот квартал го завршивме на историско најниско ниво на невработеност тоа значи во првиот квартал без разлика што БДП имаше раст од само 0,2 % има генерирано нови работни места и сега теоретски ќе почнеме да кажуваме како е возможно да се креира нови работни места но мислам дека немаме толку време. Кризата секако не погоди како што ја има погодено целата економија на светско ниво и веројатно прашањето дали ќе се бориме со невработеноста е една од работите, да. Ние искрено имаме многу подобра почетна основа во овој момент и секако сме докажале како се креираат работни места а тоа е креирање на работни места не со директна интервенционизам во приватниот сектор како што знаеме и се случуваше во претходниот период. Ние само во 2,5 години креиравме над 60.000 работни места од кои што со сите анализи околу 75% од работните места се искреирани од приватниот сектор.“