(Видео) Објавена нова снимка од рушењето на Канцеларијата за врски меѓу двете Кореи

На интернет се појави нова снимка од моментот кога Северна Кореја ја разнесе и уништи меѓукорејската Канцеларија за врски во нејзиниот пограничен град Каесонг во вторникот.

Кратко време по детонацијата, локалните медиуми објавија дека се слушнала експлозија и го опишале густиот облак чад што се издигнал над Каесонг.

Воен извор во Сеул за „Ројтерс“ изјавил дека забележале знаци кои укажуваат на отстранување на Канцеларијата еден ден пред тоа и дека воените службеници на Јужна Кореја ја следиле експлозијата преку снимки.

Тензиите меѓу двете земји се зголемија откако активисти од Јужна Кореја и дезертери од Северна Кореја, наводно, испратиле околу 50.000 летоци до комунистичката држава, критикувајќи го лидерот Ким Џонг-ун за кршење на човековите права во земјата која речиси е изолирана од светот.

Јужна Кореја најави дека ќе одговори одлучно ако нејзиниот северен сосед продолжи да ги потпалува тензиите. Русија во вторникот изрази загриженост за случувањата во Корејскиот Полуостров, повикувајќи на воздржаност по уништувањето на Канцеларијата за врски во зоната на демаркацијата.

Треба да знаете
Последни објави