На Косово има голем пораст на бројот на заразени со коронавирус, при што се потврдени 141 случај на Ковид-19 во еден ден.
Како што беше објавено од Институтот за јавно здравје во Приштина, вчера биле тестирани 397 примероци од Клиниката за инфективни болести, од кои 141 биле позитивни, објави „Газета експрес“.
Од почетокот на пандемијата, регистрирани се 1.756 случаи на коронавирус и 34 смртни случаи поврзани со Ковид-19, наведува приштинскиот весник на својата веб-страница.